Пелистер – Еуро Никел 90:85 (2:0)
Вечерва во Битола на вториот натпревар од четвртиналето од кошаркрскиот плеј-оф екипата на Пелистер победи и сега има 2:0 против Еуро Никел, и полуфинале кое е на дофат. 
Екипата на Еуро Никел од Кавадарци беше подобра екипа за разлика од првиот натпревар, но Пелистер победи со 90:85, во натревар кој го имаше под контрола во текот на сите 40 минути.

Во отворањето на натпреварот “пелистерци“ имаа предност која не беше убедива, а на семафорот на две и пол минути пред крајот на првата четвртин беше 25:25. Следува минути на Костоски, 3 од 3 за удар за “тројка“ и се “сврте“ резултатот. Со серија од десет поени, „зелено-белите“ поведоа со 32:27.
Втората четвртина беше со малку кошеви (14:13) за Пелистер, кој имаш и во 14.минута +10 поени (40:30). Домашната екипа имаше и повисоки (46:35), но кавадарчани се вратија на еден “активен резултат“, Пелистер водеше со 46:40 на полувремето.
И за разлика до домашната екипа во која поентираа и резервните играчи, како Драговиќ и Најт (комбинирано осум поени), гостите се потпреа на реализаторските способности само на стартните пет играчи, од кои Дубински постигна 12, а Соколов 10 поени.
По одморот Еуро Никел намали на -6 (47:51), но и битолчани одново се “одлепија“, сега на н 59:48 во 26. минута. До истекот на третата четвртина битолчани се одвоија и на +13 поени (70:57) и ја најавија втората победа во серијата.
Во последната четвртина Сепак, Еуро Никел сепак најде сили за да врати во натреварот. Но, Пелистер умешно ја одржуваше двоцифрената разлика. Во последните две минути Еуро Никел успеа да се врати на -3 (88:85), но Пелистер сепак на крајот успеа да слави со конечни 90:85.
Најефикасен кај Пелистер беше Костоски со 25 поени. Го следеше Маслинко, кој постигна 21 поен, додека Планиниќ имаше 15 поени.
[ngg src=”galleries” ids=”1938″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”33″]










