Синоќа во Битола после победата на кошаркарите на Пелистер тренерот Дарко Радуловиќ, изрази задоволство од победата над Еуро Никел 2005 во вториот четвртфинален натпревар од плеј-офот во Првата лига и најави уште подобра игра во иднина.
Радулович напомена за дека имале контрола над играта и дека на крајот тимот малку се опуштил и недопустливо го вратил ривалот во игра.
-Имавме контрола скоро во целиот меч, но на крајот не смеевме да си дозволиме таков кам-бек на ривалот. Водевме со 19 поени разлика, можевме и да одмориме дел од играчите, но понекогаш се случува таков пад на концентрацијата. Не започнавме добро во одбраната, но потоа се консолидиравме и се поправивме соодветно. Ќе мораме да го анализираме тој дел од играта, но мислам дека сме на добар пат. Сакаме да победиме и на третиот меч во Кавадарци, имаме квалитет и ќе отпатуваме растоварени од било каков притисок. Тимот се разигрува од натпревар во натпревар, имавме над 20 асистенции, во добар ритам сме и се надевам дека би можеле да ја завршиме серијата веќе на следниот меч, изјави Радуловиќ.
Пелистер има предност од 2:0 против Еуро Никел, а во салата “Јасмин“ во Кавадарци натпреварот ќе се игра на 14 април.










