Press "Enter" to skip to content

Пелистер е во полуфинале на кошаркаркиот плеј-оф, победен Еуро Никел со 3:0, за финале против Работнички

Еуро Никел – Пелистер 

Кошаркарите на Пелистер по двете победи во Битола денес го победи Еуро Никел во Кавадарци и со 3:0 се пласира во полуфиналето од плеј-офот. Избраниците на Радуловиќ направија “брејк“ и во Кавадарци, во салата “Јасмин“ славејќи со 69:79. 

Натпреварот во Кавадарци во рвото полувреме помина во знакот на гостите од Битола кои имаа постојана предност битолчани во текот на тие 20 минути. Во првите десет имаа вишок од пет поени (20:15), а  во вторите, таа разлика ја удвоија, дури и повеќе од тоа. Тимот кој го предводи тренерот Дарко Радуловиќ на „големиот одмор“ отиде со високи (42:30). Во голема мерка поради ефикасната игра на двоецот Маслинко-Планиниќ кои искомбинираа 25 поени во тој дел од третиот четвртфинален серијал. Но и ол-раунд изданието на Магдевски, кој собра четири поени, пет скока, и дури шест асистенции (играше неполни 12.минути).

Второто полувреме донесе многу подобра игра на кавадарчани. Го отворија со шест поени во серија на Врањеш… Следуваше една тројка на Смит Мек Свејн, и уште две на Дубински, и за неколку минути Еуро Никел 2005 стигна до израмнување (45:45). За кратко, затоа што дојде и серијата на битолчани, од осум поени по ред, за враќање на солидна предност, (53:45). Успеаја пелистерцид а го одбијат тој напад на домаќините, а што беше исто добро за нив, во напасот „се појави“ и Мијовиќ, кој за кратко време дојде до 12.поени (макар седу мо од нив од линијата за слободни фрлања), и чување на водството (62:53), по три одиграни четвртини во „Јасмин“.

По три и пол минути игра во четвртиот период, Пелистер направи серија (10-4) по која се одвои на највисоки (72:57). А Магдевски сериозно се приближи до трипл-дабл ефект. Веќе имаше 13.поени, но и по осум скока и исто толку додавања. Некоја минута подоцна веќе беа недостижни за Еуро Никел 2005, оние (60:79). Пелистер во три чекори обезбедува полуфинале и серија со Работнички, кој синоќа го елиминира Феникс 2010, исто така во само три одиграни натпревари.

Магдевски застана на ефект од 18.поени, 10.скока и 8.асистенции, а претходно најголем дел од задачата завршија Планиниќ, кој имаше 19.поени и 7.скока, Маслинко, кој дојде до 18.поени и 9.скока, и Мијовиќ кој ги испрати со 14.реализации.

Со полуфиналето Пелистер го очекува серија против Работнички, а предноста од домашен терен во оваа серија ќе ја имаат „црвено-белите“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »