Плеј-офот од Битола денес се сели во Кавадарци, каде денес кошаркарите на Пелистер го играат третиот натпревар во рамките на четвртфиналето од плеј-офот за титула, а “пелистерци“ против екипата на Еуро Никел.
Стефан Мијовиќ пред гостувањето во Кавадарци, по повод третиот натпревар од плеј-оф серијата против тимот на Еуро Никел, на прес-конференцијата пред натреварот рече:
-Сите во клубот сме задоволни од тоа што во ова четвртфинале од плеј-офот имаме предност од 2:0 против екипата на Еуро Никел. Што де однесува пак до денешниот, трет натпревар, во Кавадарци, ние одиме на победа и да ја завршиме серијата со 3:0 и што повеќе да бидеме подготвени за полуфиналето. Ние цела сезона одлично трениравме и се надевам дека формата е темпирана за овој дел од сезоната каде се одлучува шампионот. Посебно се работи последниот месец, да бидеме во што подобра форма. Според мене тоа се гледа и на двата натпревари од плеј-офот кој ги одигравме во Битола.
Миовиќ за денешниот натпревар вели:
-Што се однесува пак до самиот натпревар се зависи од нас, односно од тимот. Ако влеземе со 100 проценти залагање, посебно во одбраната, мислам дека не само Кавадарци, туку и простив сите наредни противници, нема пто да бараат кога играат против нас. Така беше и во претходните два натпревари, а патуваме со таа идеја и денес и дека оваа серија ќе успееме да ја завршиме денес.










