Press "Enter" to skip to content

Топ гол од Битола се пласира во полуфинале од Купот на Македонија за жени

Топ гол – Речица 3:3 (3:1 пенали)

Во рамките на полуфиналето финалниот натпревар од Купот на Македонија за жени кој се одигра на Фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола, екипата на Топ гол ја совлада екипата на Речица преку изведување на пенали со резултат од 3:1, а претходно конечниот резултат од натпреварот заврши нерешено 3:3.

Стрелци на головите за битолчанки во регуларниот дел од натпреварот беа: Илиевска, Стојчевски и Милевска. Во ударите од 11 метри за домаќинот успешно стрелаа: Стојчевска, Димитровска и Бумбаровска.

-Прво им честитам на сите од нашиот тим за пласманот во полуфиналето од Купот на Македонија. Во овој инфаркт натпревар во кој на секоја екипа им припадна по едно полувреме, ние бевме доминантни и убедливо во првото, а гостите во второто полувреме. Ние постигнавме три гола во првото, гостите постигнаа три гола во второто. Сосема различна слика од нас, девојките се опуштија и им дозволија на гостите да се вратат во активен резелтат. Во пенал рулетот се истакна нашата голманка Талевска која одбрани два удари од 11метри, изјави шефот на стручниот штаб Кире Грбевски.

Следен првенствен натпревар на Топ гол е во сабота против Тиверија во Струмица во рамките на 21 коло.