Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер направија брејк на гости кај Работнички во “Кале“ и поведе со 1:0

Работнички – Пелистер 63:86

Во првиот натпревар од вкупно пет од полуфиналната серија, кошаркарите на Пелистер стигнаа до голема победа на гостувањето во СРЦ “Кале“ каде славеа со убедливи 63:86 и  се стекнаа со почетно водство 1:0 во серијата „кој прв до три победи“.

“Пелистерци“ делуваа како екипа која има поголема концентрација и имаа и постојана резултатска предност. На истекот на првиот период, битолчани водеа со солидни (24:16). Во текот на вториот, имаа уште повисоко водство. Во 12. минута, гостите поведоа со (31:22), а во неколку наврати имаа и еден поен „вишок“ помалку. Имаа и (37:29), а во во 18. минута беше и (41:33), пред Ѓелетовиќ да ги постави конечните (35:41) на истекот на првото полувреме.

Третиот период од играта беше и најдобриот за гостинската екипа. Десет минути во кои парцијално гледано, креираа (26-12), и водство повисоко од 20. поени, како што беше и на истекот на тој дел, (67:47). На почетокот на последната четвртина, Пелистер стигна и до највисоките (72:49). Се покажаа како и повеќе од доволни за екипата од Битола да се стекне со почетна предност (1-0) во серијата во која се бараат три победи за финале.

Кај Пелистер најефикасен беше Планиниќ со 16.поени, Маслинко имаше 15, Мијовиќ 14, Најт 13, а Стојановски уште 12. поени.

More from СпортMore posts in Спорт »