Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер без втор “брејк“ во Скопје, во Битола им требаат две победи за финале

Работнички  – Пелистер 75:69 (1:1)

Кошаркарите на Пелистер од Битола во рамките на полуфиналната серија се поразени во Скопје, од Работнички со резултат 75:69, и сега имаат нерешено (1:1), по што се селат во Битола  каде ќе се играат наредните два натпревари. На Пелистер ќе им требаат две победи во Битола за да стигнат до финале на шампионатот.

Екипата на Работнички подобро го отвори натпреварот  и по десет минути имаше преддност од + 9 или 27:18. “Пелистерци“ добро ја одиграа втората четвртина и имаа позитива од еден поен. Во последните неколку минути од вториот период од играта во која во два наврати успеаја да израмнат. Прво на (33:33), потоа и на (35:35), но на одмор сепак отидоа со мунис, 43:35 за Работнички. 

И третата четвртина им припадна на кошаркарите на Пелистер, а ја завршија со 19:22. Пелистер се доближи и на -3 (53:50), а во последната одлучувачка четвртина влегоа со минус, 62:57. 

Во последниот период од овој полуфинален дуел, по тројката на Маслинко, Пелистер се доближија на -2 (62:64). Но, Работнички повторно дојде до +6 (70:64). На нешто повеќе од три минути беше 70:68. Работнички со “тројка“ дојде до +6, (75:69) и победа во “Кале“.

Кај Пелистер најефикасен Планиниќ з со 22. поени и седум скока.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »