Општина Битола, согласно Програмата за спорт и млади, издвои 500.000 денари за набавка на нови спортски реквизити за училиштата во Битола, со кои ќе бидат заменети старите и оштетени, а во некои училишта со оваа набавка се овозможуваат услови за непречена реализација на спортските активности. Постапката за набавка на спортската опрема и реквизити, општината ја спроведе согласно доставените барања од училиштата, врз основа на кои, денес истите беа предадени на претставниците од воспитно образовните институции. Опремата вклучува пинг понг маси, обрачи, мрежи и табли за кошови, топки за фудбал, кошарка и одбојка.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, истакна дека, ова е еден од начините на кои локалната самоуправа овозможува поддршка за училиштата со цел поттикнување на спортскиот дух кај младите, подобрувајќи ги условите, а истовремено преку реновирање и изградба на нови спортски терени, се создаваат и нови, соодветни можности за спортување.
Дел од овие проекти се и реконструкцијата на спортските игралишта во ОУ „Елпида Караманди“, која е во тек, изградбата на спортски терени во Брусничка населба која ќе следува, како и реконструкцијата на спортската сала во Бистрица, која наскоро ќе започне. Овие проекти претставуваат континуитет на минатогодишните проекти кои покрај поддршка на професионалниот спорт, овозможија значително подобрување на спортската инфраструктура во Битола.

Нова спортска опрема и спортски реквизити за основните и средните училишта
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Пионерски – Битола со многу љубов, книги, музика и незаборавни вечери слави 1 година
- По 30 години се расчистува патот од Инфоцентарот до Ловечка
- СВР Битола: 50 годишник приведен за агресивно однесување, спроведен во здравствена установа, другиот ден ја нападнал малолетната ќерка
- “Водовод“ Битола ќе го модернизира и дигитализира водоводниот систем
More from СпортMore posts in Спорт »
- ФК Јени Маале од Битола 17. година по ред слави успех и пријателство (фотогалерија)
- По вулгарната прослава на титулата на Вардар, се огласија сите само не Вардар
- Пелистер со реми во Кавадарци, на коло пред крајот познато, ќе играм бараж за опстанок
- Пелистер убедлив за трето место на гостувањето против ТФТ
- Четврта победа оваа сезона над вечниот ривал, иднината на битолскиот ракомет блеска.










