Press "Enter" to skip to content

Маслинко очекува поддршка од трибините во салата во Битола и победа против МЗТ Скопје

За денеска од 18.30 часот во Битола е закажан третиот натпревар од финалната серија во Првата македонска кошаркарска лига меѓу Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром. Трета година по ред МЗТ Скопје и Пелистер се натпреваруваат кој ќе ја добие финалната серија на плеј-офот и ќе биде шампион. Во досегашните две одмерувања на силите, „металците“ беа и двапати поуспешни од битолчани.

-Не можам да кажам дека сум задоволен од резултатот во престходните два натпреаври против екипата на МЗТ, бидејќи иако се заврија “тесно“ сепак сме поразени. Ова незадоволство е кај сите кошаркари. Посебно поради тоа што имавме шанса која на два пати не успеавме да ја искористиме и два пати загубивме на многу сличен начин. Се надевам дека тука, во Битола, пред своја публика ќе можеме да ја свртиме играта и да ги добиеме двата натпревари, а за атмосферата која ја очекува вечерва вели:

-Очекувама полна сала како што беше на натпреварот против Работнички в0 полуфиналетои против МЗТ во Купот во Битола. Секако сакаме и очекуваме публиката и навивачите кои се секогаш со нас да ни бидат поддршка и шести играч во борбата за победа. 

More from ВестиMore posts in Вести »