Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“ Битола со апел за рационално користење на водата за пиење

Се известуваат граѓаните на Општина Битола дека поради енормната потрошувачка на вода, доаѓа до намалување на протокот на вода за пиење во повисоките места во градот.

ЈКП “Водовод“ Битола апелира да не се користи питката вода за наводнување на поголеми површини, туку рационално да се користи за основните потреби.

Екипите на ЈКП “Водовод“ –Битола покрај редовните теренски проверки и работни активности, ќе вршат вонредни контроли на водоснабдувањето и ќе интервенираат кај оние корисници кои енормно и бесправно ја користат водата за пиење, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување на корисниците.

Однапред Ви Благодариме на разбирањето.

Со почит, ЈКП “Водовод“ – Битола

More from ВестиMore posts in Вести »