На 14.09.2024 околу 13 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Битола, пред влез за село Добрушево и село Клепач, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксфаген” со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(66) од Охрид и трактор „имт” со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(41) од с. Канатларци,прилепско. Возачот на возилото „фолксфаген“ и неговата сопатничка З.И. (44) од Прилеп се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот на тракторот со телесни повреди, констатирани во болниците во Битола и Прилеп. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.
На 15.09.2024 во 00.10 часот, во СВР Битола З.Ш. (41) од Битола, пријавила дека на ул „Димитар И. Мурато” во Битола нејзиното малолетно дете било физички нападнато од страна на двајца малолетници со кои истиот се познавал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






