Утре кошаркарите на Пелистер во Битола го пречекуваат шампионот МЗТ Скопје во рамките на 2. коло од Шампионатот на Македонија.
“Пелистерци“ по првата победа во Кавадарци во Битола сакаат да ја запишат и втората победа но знаат дека нема да биде лесно против шампионот, и очекуваат полни трибини вп “Боро Чурлевски“.
Виктор Ташовски за утрешниот натпревар во Битола вели:
-Очекуваме пред домашна публика да се претставиме во подобро светло во првенството, дома пред нашите верни навивачи. Веќе изигравме АБА2 лига со Широки имавме одлична атмосфера очекувам исто да е и на овај натпревар, бидејќи од голема помош ни е публиката. Да се вратам на првио тгодинашен натпревар од Супер купот, против МЗТ, ќе кажам дека го почнавме добро, но не го завршивме како што треба. Се надевам на овај натпревар ќе биде подобро. Да се држиме кон играта која ќе ја договориме како тактика со тренерот и да не попуштиме во вториот дел од натпреварот како што го направивме во натпреварот во супер купот против МЗТ.
Натпреварот Пелистер – МЗТ Скопје започнува во 18,30 часот, а влезниците по цена од 100 денари ќе се продаваат од 17 часот.










