Утре во Атина, Грција, започнува Европското првенство во Кик Бокс 2024 за сениори, а ќе се одржува на Олимпискиот стадион. На ова големо престижно натпреварување се пријавени 1.133 натпреварувачи од 41 земја.
Нашата Држава ќе учествува со 5 репрезентативци, кои претходно ги исполнија нормите за учество на натпреварување.
Леа Бошевска од кик-бокс клубот Самурај од Битола ќе настапи во дисциплината кик лајт до 50 килограми во сениорска конкуренција, каде ќе биде во конкуренција на натпреварувачки од 9 држави.
Леа Бошевска е официјален Балкански првак во сениорска конкуренција за 2024, како и официјален државен првак за 2024. Оваа година Леа Бошевска освои златни медали и во Босна и Херцеговина, како и во Белград, Србија.









