-Вечерва на платото пред Офицерски дом во Битола покрај битолските групи “Чоканче“ и “Паркети“ настап имаше и на “Elixir band“.
Вечерва продолжи “Зимската приказна“, не 10. ден на главната сцена настапија двете најпознати музички групи “Чоканче“ и “Паркети“ кои на два поединечни концерти ги забавуваа младите битолчани кои ја слушаат нивната музија. Младите битолчани по студенот заедно со него ги нивните хитови.
Иако времето беше студено пејачот на “Паркети“, Сашо Паркет, издржа храбро по кратки ракави, што предизвика големо одушевување кај публиката.
На главната сцена свој настап имаше и “Elixir band“.
Претходно, на почеток на неделната програма, кај Офицерски имаше програма со интерактивни работилници и забавни активности низ настаните “Пишувајте му писма на Дедо Мраз“ и “Новогодишна кабина за исповеди“ – топол и декоративно уреден простор за посетители.
Се одржаа и театарските детски претстави “Пипи долгиот чорап и снежната кралица“, “Новогодишни подароци“ и “Кралот Студ и Дедо Мраз“. “Со песни гласно, шириме празнична радост“ беше повеќејазичната изведба на светски – познатите божиќни песни.
На сцената во Старата чаршија се одржа претставата “Зошто Дедо Мраз носи црвено?“, “Фолклорна зимска бајка“ на ансамбл за фолклор „Гоце Делчев“ – Битола, концерт на изворни инструменти “Студио Езгија“, настап на групите „За Мерак“ и “Ѓердан“.
Тука ба “Disney маскоти“ на Зимска приказна, а беше посетена и куќата на Дедо Мраз.
За утре на главната сцена кај Офицерски се најавени групата “Баркод“ и Николче Зацески, група “Љубојна Brass Fantasy 2“ – Група „Љубојна“ и група “Калабалак“.
Текст, фото и видео: Дамијана Ристевска











