Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Папало и другарите со јапонско знаме му посакаа добредојде на јапонецот Такахара во Битола

Битола и битолчани од секогаш биле космополите, а тоа се покажа уште еднаш денес на стадионот под Тумбекафе, во Битола каде се одигра првенствениот натпревар Пелистер – Брера. 

Велчо Петровски – Папал пензионер и основач на фирмата за аранжирање на излози и светлечки реклами “Папал дизајн“, заедно со пријателите денес на оригинален начин му посакаа добредојде во Битола на јапонскиот фудбалски интернационалец Такахара, кој настапува во дресот на Пелистер.-Битола е конзулски и космополитски град, а така било од секогаш. Ние, кои живееме во Битола, сега имаме среќа, чест и обврска тоа да го продолжиме. Посебно космопитизмот во Битола бил присутен во спортот. Повозразните битолчани паметар спортисти кои биле одлично примени од битолчани, а потоа станале големи пријатели. Тука ќе ги споменам Каменица, Костелиќ, Буемба, Љуковчан, Фестиќ, Николиќ, Пелешенко, Чантурија… Некој од нив “стана“ и битолски зет. Затоа на Такахара на ваков начин му посакавме добредојде во Пелистер, за биде дел од нас, но и да дава голови и заедни да се радуваме, вели Папало.

Такахара е првиот јапонски спортист кој настапил за битолски спортски клуб, а Папало и другарите и сите ние се надеваме дека на убавото добредојде во Битола ќе се оддолжи со убава игра во дресот на Пелистер, да постигнува голови, но и најважното да гине за клубот и Битола, а ние ќе му се оддолжиме, како на наш нов сограѓанин и нов пријател.

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »