На денот на стартот на подготовките во Битола екипата на Пелистер доби силно засилување во името на Стефан Спировски, големо име за мак-фудбалот ќе го облече “зелениот-дрес“.
Пелистер денес се пофали со потписот на Стефан Спировски, кој по петнаесет години се врати во матичниот клуб.
-Стефан Спировски од денес повторно е член на Пелистер!. Искусниот фудбалер за врска потпиша договор со нашиот клуб и ќе претставува големо засилување во обидот да се исполнат целите во сезоната 2025/26, велат од клубот од Битола, откако претседателот на клубот Александар Стафановски и официјално го потпиша договорот заедно со Спировски.
По официјалното претставувањето на стадионот “Петар Милошевски“, поранешниот репрезентативец кратко рече:
-Среќен сум што по петнаесет години се враќам во мојот клуб. Наидов на мотивирана и хомогена група на фудбалери, па верувам дека со предвидените засилувања, ќе се подготвиме за успешна сезона, Очекувам исполнување на целите.
Спировски не играше во Битола веќе петнаесет години, а до денес кога се враќа во матичниот клуб настапуваше за Борац Чачак, Работнички, Вардар, а играше и во Унгарија, Израел, Ерменија и Грција.
34 годишниот Спировски за македонската фудбалска репрезентација запиша 55 настапи, а беше дел и од Европското првенство во 2021 година.










