Press "Enter" to skip to content

Пораз на Пелистер од Башкими во Битола, четврт по ред (фотогалерија)

Пелистер – Башкими 1:2 (0:2)

Екипата на Пелистер во рамките на седмото коло од Првата македонска фудбалска лига е поразена на свој терен, на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола со 1:2, полувреме 0:2 од Башкими. Гостите од Кумановчани ја имаа иницијативата во првото полувреме, Пелистер беше подобар во второто полувреме, но не успеа да спаси ни бод, откако промаши и пенал. Со овој пораз, четрвт по ред “пелистерци“ имаат лоша губитничка серија.

Уште на стартот на натпреварор Башкими тргна добро, покажа дека бата бодови во Битола. Првиот гол гостите го постигнаа во 6. минута кога Босанецот Недим Хаџиќ погоди по додавањето на Пановски. Истиот фудбалер во 20. минута донесе и зголемено водство по акцијата на Башкими по левата страна, кога со прецизна дијагонала ја затресе мрежата на Пелистер.Капинковски изврши тројна замена уште по половина час и ги внесе Миленковски, Ангелевски и Гроздановски на местата на Бошковски, Наумоски и Стојановски. Во финишот на првото полувреме гостите имаа уште една шанса за преку Хаџиќ, кој пропушти можност да впише хет-трик.Второто полувреме започна со подобра игра на домаќинот. Пелистер создаваше солидни прилики за гол, а како резултат на таквата игра во 55. минута имаа пенал. Капитенот Александар Ристевски не погоди, а топката со нога да не влезе во голот ја одбрани голман Јашар. Одбиената топка Марјан Ристовски ја прифати Ристевски, но со глава ја погоди само во пречката.Пелистер единствениот гол го постигнаа гол преку Спировски, кој започна и заврши една убава акција со Миленковски во 66. минута.Резервистот во редовите на Башкими Јахија во 88. минута ја погоди пречката од голот на Јовчевски.За Пелистер ова беше четврти пораз во низа, а вече во наредното коло го очекува тешко гостување во Струга каде ќе игра против лидерот на тебелата. По седум одиграни кола Пелистер се наоѓа на 8. место на табелата со шест бода, две победи и пет порази и негативна гол разлика од -9.

Фото: Сашо Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »