Секоја година за време на одржувањето на фестивалот на филмската камера “Браќа Манаки“ во Битола се плете приказната за црвениот тепих кој се поставува и по него влегуваат битолчани и нивните гости на отворањето и затвирањето на фестивалот.
Поминуваат гостите од странство, поминуваат наградените, глумците чии филм го гледаат битолчани, поминуваат многумина…
Низ фотографиите на Сашо Ристевски ќе ви прикажеме кој се помина по црвениот тепих и како тогаш изгледаше “сценографијата“ пред центарот за култура во Битола.
Во таа 2015 година немаше како денес социјални мрежи, немаше модерни паметни телефони, па затоа овие фотографии се изворни, а секако и необјавени до сега.
Се надеваме дека голем број битолчани се ќе потсетат на времето пред 10 години, блиско а така далеку, кој се помина по црвениот тепих, а секако како изгледаа десет години помлади.











