Македонија – Полска 0:1 (0:1)
Вечерва во Битола на стадионот “Петар Милошевски“ фудбалската селекција на Македонија до 21 година забележа уште еден пораз во квалификациите за Европското првенство, овој пат, минимално, од Полска со 0:1, полувреме 0:1.
Селекторот Горан Станиќ се реши на терен истрча со истите единаесетмина кои стартуваа со Шведска пред неколку дена.
Младите од Полска уште во втората минута имаа шанса преку Пиенко кој доби одлична топка во празно, биеше прецизно, но Василев ја впиша првата интервенција. Лошите услови за игра и влажниот терен во Битола создаваа големи проблеми за двете селекции, а по еден судир на Елези и Хамза, се повреди македонскиот репрезентативец и не можеше да го продолжи натпреварот, а во игра во игра влезе Авдули.
Полска имаше некокку шанси за гол, а една нив гостинските фудбалери ја претворија во гол во 33. минута. Коцаба беше оставен сам во казнениот простор на Македонија и со глава го матира Василев за 0:1 за Полска, по центаршутот на Драшал.
До крајот на првото полувреме нашите фудбалери не успеаја ниту еднаш да се заканат.
Во второто полувреме Македонија одлично ги затвораше сите налети на противникот, но одново се мачевме да ја изнесеме топката од нашата половина. Потоа Македонија се отвори и имаше иницијатива, но тоа отвори многу простор за брзи контри на противникотм и нови проблеми за нашата дефанзива. Димески заслужено заработи исклучување по два жолти картони.
Нашата селекција пак, годината ќе ја заврши на петтата позиција со само три бода, а следното коло кое на програмата е во март 2026 година Македонија ќе и гостува на Италија.
Фото: Дамијана Ристевски










