Press "Enter" to skip to content

Детскиот невролог доц. д-р Данило Нонкуловски ќе прегледува во Битола

Клиничка Болница – Битола денес споделуви вест која значи многу повеќе од медицинска услуга,  победа за достоинството на нашите деца и мир за нивните семејства. 

Со огромно задоволство во пресрет на месецот на аутизмот, соопштуваме дека Клиничка болница – Битола склучи договор со доц. д-р Данило Нонкуловски – детски невролог, кој отсега ќе ги врши прегледите во нашата установа.

Нема повеќе патување до Скопје за преглед на децата со невроразличности, после долго време, многу наши сограѓани, беа принудени да ја бараат помошта далеку од дома со мачни патувања кои им ја одземаа силата и кога родителите – херои со немир во срцето чекаа по туѓи ходници, само со една желба, нивното дете да ја добие потребната грижа.

More from ВестиMore posts in Вести »