Press "Enter" to skip to content

Пораз од МЗТ во првиот полуфинален натпревар, в недела втор натпревар во Битола (фотогалерија)

МЗТ Скопје – Пелистер 80:75
 
-“Пелистерци“ прикажаа добра игра, во третата четвртина имаа и солидна предност, но не успеаја да слават над шампионот

Пелистер не успеа да ја продолжи победничката серија откако битолските „зелено-бели“ загубија со резултат 80-75 на првиот полуфинален дуел од серијата со МЗТ Скопје. „Пелистерци“ одиграа квалитетен меч, во третиот период имаа и водство од седум поени, но и тоа беше недоволно за да се стигне до позитивен резултат на гостувањето против актуелниот шампион.Малешевиќ ги постигна првите четири поени за Пелистер во ова полуфинале (5-4), по што МЗТ почна резултатски да се одлепува (9-4). „Зелено-белите“ се вратија намалувајќи на 12-10 преку Дејвис, но домашниот тим се одлепи резултатски, па преку Танасковиќ во 7. Минута стигна и до предност од двоцифрени (23-12).

Стајиќ во 10. Минута ја постигна првата тројка за Пелистер на мечот, по што разликата се спушти по десет, па првата четвртина заврши 26-18.Пелистер од самиот почеток на вториот период се покажа во сосема поинакво светло, aнгажманот во одбраната беше на повисоко ниво, проработи и нападот, па предноста на домаќинот почна да се топи.Лука Стојановски погоди тројка со која намали на само три поени негатива (32-29), потоа погоди и Андреј Митревски за 36-35, по што следеше чудна судиска одлука, најпрвин недосуден прекршок  над Митревски, а потоа и техничка грешка за реакцијата на нашата клупа. Пелистер не постигна поени во последните 118 секунди од полувремето, што МЗТ го искористи за на одмор да замине со водство од 39-35.Третата четвртина го донесе вистинското лице на Пелистер, она што навикнавме да го гледаме во претходните пет рунди од плејофот. Не само што негативата беше експресно истопена, Малешевиќ експресно донесе предност од 43-45, а серијата на „пелистерци“ продолжи и со поените на Џенкинс водството на „зелено-белите“ порасна на 45-52.МЗТ намали на 51-53, Лука Стојановски ја запре мини-серијата на домаќините, но по четирите поени во низа на Маслинко тренерот Даскаловски беше принуден да побара тајмаут при израмнети 55-55.

Во последната четвртина се влезе со 57-55 за МЗТ Скопје, а проблемите се зголемија откако скопјани го почнаа четвртиот период со две погодени тројки за водство од 63-55 и нов тајмаут на Даскаловски.МЗТ поведе и со двоцифрени 66-56, но Пелистер не се предаде, се врати во ритам и ја преполови негативата (69-64) „Зелено-белите“ се држеа до 71-66, но МЗТ успеа дополнително да се одлепи и на крајот да триумфира со конечните 80:75.Брејси Дејвис со 25 и Малешевиќ со 23 поени беа единствените со двоцифрен ефект кај Пелистер, додека по седум поени реализираа Митревски и Џенкинс.Вториот натпревар од оваа полуфинална серија ќе се игра в недела, во 18 часот, во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.