Горан Исков е новиот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола, одлучи претседателот Христијан Мицкоски, а одлуката беше соопштена по денешната седница на Извршиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
–Довербата која ми ја доделија ме исправа пред огромна одговорност. Оваа позиција ќе ја спроведувам не сам, туку како и досега рамо до рамо со членството, пратениците, градоначалникот и сите битолчани. Позицијата претседател на ОК Битола за мене претставува голема чест, мотивација но во ист момент голема обврска и заложба за успех, напиша Исков по изборот на претседател на ОК во Битола.
Горан Исков е актуелен директор на хотел “Молика“, а во додесегашниот политички ангажман бил и потпретседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.
Исков претходно бил враборен во ЈКП “Водовод“ Битола во сектор АОП. Неговото работно искуство од 2015 до 2017 година е во министерството за информатичко општество и администрација.
Тој е дипломиран информатичар на факултетот за информатика ФИКТ Битола.






