Еурофарм Пелистер 2 од Битола во пресрет на почетокот на сезоната во Суперлигата официјализира уште едно засослување. Во Битола пристигнува Данило Гутиќ, млад црногорски ракометар кој важи за еден од најперспективните таленти од оваа земја.
Гутиќ е роден во 2008 година и настапува на позицијата десен бек. Ракометните почетоци ги има во Морнар од Бар. Од таму замина во Германија и стана дел од системот на Штутгарт.
Данило Гутиќ има настапувано и за младинските репрезентативни категории на Црна Гора, каде одигра значајна улога.










