Еурофарм Пелистер – Мулти Есенс 38:27 (18:14)
Еурофарм Пелистер победи со 38-27, полувреме 18:14 и дојде до првите победнички бодови, откако во првото коло освои бод на гостувањето кај Охрид.
Лино Червар реши на овој дуел со аутсајдерот да ги одмора Кузмановски, Видомски, Пешевски и Митревски. Еурофарм Пелистер го започна денешниот натпревар опуштено како голем фаворит па затоа гостите до 18 минута имаа водство, па и предност од 3-4 гола.
Иако имаа негатива од неколку гола, Лино Червар не побара тајмаут, туку остави играчите самите да се изборат, и со измените што ги правеше ја најде поставата која може да направи и пресврт и да донесе водство.
И од негативата 1:5, 4:8, намалија на 8:10 домашните во 21 минута првпат израмнија, на 11:11. Потоа со серија погодоци Еурофарм Пелистер зголеми на 18:14, резултат со кој се замина на одмор.
Еурофарм Пелиистер на стартот од второто полувреме зголемија за +6 за крај сите дилеми. Десет минути остана таа разлика од 5:6 гола. Еурофарм Пелистер пак направи серија со која отиде на +9 и водство 27:18, во 43 минута.
Ненад Белистојаноски ја играше „својата партија“ и во 44 минута му донесе водство 28:18 на својот тим.
Веќе немаше дилеми кој ќе ги освои бодовите, Еурофарм Пелистер, но остана нејасно со колкава разлика ќе заврши мечот.
Ненад Белистојаноски со 8 гола, и Мирче Кајалџиоски и Петар Атанасијевиќ со по 6 гола беа најефикадни кај домашните. 










