-Во Битола на осмото издание на „Трчај Бе“ на полумаратонот беше поставен нов рекорд, а победата му припадна на Кениецот Џон Чеге Ваверу, кој патеката од 21 километар ја мина за 1:04:40.
Во машка конкуренција на 21 километар најбрз беше Џон Чеге Ваверу (John Chege Waweru) од Кенија со 1:04:40. Второто место му припадна на Тирон Мамуша (Tirron Mamusha) од Косово со 1:11:38, додека трет беше Димитар Илиев од Македонија со време 1:12:16.
На 21 километар во женска конкуренција победи Нанси Гитанга Ваигумо (Nancy Githanga Waigumo) од Кенија со време 1:16:05. Втора беше нејзината сонародничка Естер Чесанг Какури (Esther Chesang Kakuri) со 1:16:38, а третото место го освои Маринела Нинева од Бугарија со 1:19:58.
На трката на 10 километри кај жените победи Викторија Неиш од Унгарија со 36:45. Елисавета Димовска од Македонија беше втора со 41:41, а Памела Ени од Бугарија трета со 41:46.
Кај мажите на 10 километри победи Бонфас Мбуру Мунгаи (Bonface Mburu Mungai) од Кенија со време 30:46. Втор беше Григоријан Никовски од Македонија со 31:47, а трет Ибраим Мамудов од Македонија со 35:33.
На 5 километри во женска конкуренција првото место го освои Жаклин Желена од Бугарија со 18:47. Втора беше Ирма Хајдари од Македонија со 19:15, а трета -Ана Бегова од Македонија со 19:57.
Во машка конкуренција на 5 километри победи Андреј Арсов од Македонија со 15:55. Димитар Петровски беше втор со 16:01, а Роберто Димитриевски трет со 16:02.
Во рамките на ТРЧАЈ БЕ се одржа и Националното првенство на Македонија во полумаратон. Во женска конкуренција национална шампионка е Адријана Поп Арсова Рашиќ од АК Олимп. Второто место го освои Благица Јованова од АК Делта, а третото Марина Домазетовска од АК Олимп.
Кај мажите национален шампион е Димитар Илиев од АК Олимп. Втор е Жан Тосев од АК Струмица, а трет Игор Трифуновски од АК Скопски Маратон.
Во женска конкуренција национална шампионка е Адријана Поп Арсова Рашиќ од АК Олимп. Второто место го освои Благица Јованова од АК Делта, а третото Марина Домазетовска од АК Олимп.
Наградите на најдобрите на Националното првенство ги врачи Александра Војнеска Зикова, претседателка на Атлетската федерација на Македонија, македонска олимпијка и членка на Советот на European Athletics. Дел од наградите на ТРЧАЈ БЕ ги врачија и градоначалникот на Битола Тони Коњановски и директорот на трката Никола Димитровски.
Фото: Дамијана Ристевска








