Press "Enter" to skip to content

Традиционален 14. одбојкарски турнир на Пелистер Волеј пред стартот на сезоната (фотогалерија)

Во спортската сала на медиционското училиште во Битола се одржа традиционалниот 14. по ред одбојкарски турнур во организација на Пелистер Волеј од Битола на кој покрај домаќинот учествуваа екипите на Газели Волеј и Јанта Волеј.Турнирот се играше по принцип “секој со секој“, а се играа по три сета на секој натпревар, откако откажа четвртиот учесник.

Во мал затворен круг каде сите имаа по една победа и по еден пораз најуспешна е екипата на Газели Волеј која во поразот освои сет повеќе и го освои првото место. Постигнати беа следните резултати:  Газели Волеј – Пелистер Волеј 3:0, Јанта Волеј – Газели Волеј 2:1 и  Пелистер Волеј – Јанта Волеј 3:0.Тренерот на Пелистер Волеј Роберт Митковски по завршувањето на турнирот рече:-Ова е традиционален турнир кој го одржуваме секоја година откако сме основани. Ние како тим пробавме некои тактички потези, а шанса им дадовме на сите ракометарки, сакако со акцент на новите засилувања, кои играа заедно со нашите одбојкарки и ова беше нивно прво официјално настапување по тренинзите кои ги имаме во рамки на подготовките. За резултатот не би сакал да коментирам бидејќи сепак ова е само почеток и допрва ќе се бруси формата на сите екипи.Но, едно е сигурно, следи уште посилна и понеизвесна сезона.

Фото: Дамијана Ристевска

Линк за фотогалерија:

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1711447084027444&set=pcb.1711447617360724

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »