Press "Enter" to skip to content

Отворен првиот меморијален кошаркарски турнир “Зоран Петковски – Петкото“ во Битола (фотогалерија)

Вечерва во Битола отворен беше првиот меморијален кошаркарски турнир посветен на битолската кошаркарска легенда Зоран Петковски, во организација на новорформираниот кошаркарскиот клуб „Зоран Петковски – Петкото“ кој се одигрува во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.Организаторот на турнирот ги обедини поранешните клубови на Петковски, а неговиот матичен клуб КК Пелистер е еден од учесниците, а настапуваат уште и МЗТ Скопје, ТФТ Скопје и Куманово.На отворањето на турниот присурни беа членови на семејството, поранешни кошаркари, дел од управите на Пелистер, пријатели, соиграчи на Петковски, колеги…На отворањето на турнирот зборуваше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој рече дека ова е во чест на спортистот, наставникот, политичарот, пријателот и дел од семејството Петковски, нашиот сограѓанин Зоран Петковски, кој се надевам дека ќе биде традиционален.Во име на поранешниот клуб Куманово се обрати сограч на Петковски, а директорот на клубот на мајката на Зоран и подари портрет на Петковски во дресот на Куманово.

За тоа како се развиваше кариерата на Петковски зборуваше неговиот тренер Никола Николовски, а беше прикажан и документарен филм за Петковски кој уште еднаш го претстави пред околу 2.000 публика во “Боро Чурлевски“. Кошаркарскиот клуб Пелистер, на сопругата на Петковски и подари плакета благодарница за чест и сеќавање на клубот кој поранешниот играч, кој остави неизбришливи траги.Предраг Созовски рече дека им е чест како матичен клуб на Петковски да бидат дел од турнирот организиран во чест на нашата кошаркарска легенда.Почетокот на турнирот симболично го означи синот на Петковски кој ја фрли првата топка на стартот на натпреварот помеѓу Пелистер и Куманово.Инаку, Петковски најголемиот дел од својата кошаркарска приказна го помина во Пелистер. Роден во 1978 година, своите први кошаркарски чекори ги направи во зелено-белиот дрес, а беше и младински репрезентативец на Македонија. Во играчката кариера, покрај Пелистер, настапуваше и за Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи и Радовиш. По завршувањето на играчката кариера се посвети на тренерската работа, а повторно се врати во Пелистер и од клупата му помогна на битолскиот клуб да обезбеди пласман во елитното друштво.

Текст и фото: Сашо Ристевски

Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo/?fbid=1714232793748873&set=pcb.1714233583748794

More from СпортMore posts in Спорт »