Пелистер – Куманово 61:80
Кошаркарите на Пелистер во првиот натпревар на меморијалниот кошаркарски туенир “Зоран Петковски – Петкото“ е поразен од Куманово со резултат 61:80.
Првото полувреме беше израмнето, двете екипи имаа мало водство на неколку пати, а на полувреме со оглед на играте се замина со реми, 45:45.
Победникот беше решен во второто полувреме, кога Куманово славеше победа со резултат 61:80.

Во вториот натпревар се сретнаа екипите на МЗТ Скопје како “домаќин“ во Битола и ТФТ Скопје, а победи ТФТ со резултат 73:85.
За трето место утре ќе играат домаќинот Пелистер и МЗТ Скопје со почеток во 15 часот, а за прво место во финалето ќе играат Куманово и ТФТ Скопје со почеток во 17 часот.
Сашо Ристевски
Линк за фотогалерија:
https://www.facebook.com/photo?fbid=1714362910402528&set=pcb.1714363680402451











