Кик бокс клубот Самурај од Битола од 16 до 18.10.2026, учествуваше со тројца натпреварувачи на престижниот турнир во Србија, “Трофеј на Белград“, каде освои три медали, и тоа два златни и еден бронзен.
Леа Бошевска во сениорска конкуренција во дисциплината кик лајт -50 кг. Во финалната борба, буквално ја прегази противничката од Србија, при што борбата заврши со прекин и се закити со златен медал.
Сара Стојаноска во дисциплината лоу кик помлади јуниори – 56 кг. во полуфиналната борба победи со 3:0, за веднаш потоа во финале, ја совлада противничката со прекин во прва рунда, и освои златен медал.
Најпрво Леона Алиловска во категорија кик лајт јуниори – 50 кг. дебитираше, прикажувајќи надмоќ врз противничката од Србија, но со судиска наклонетост кон домашната натпреварувачка, ја загуби борбата за влез во финале, при што се закити со бронзен медал.
Тренерите на Самурај, Тони Бошевски и Гордана Цветковска Бошевска, задоволни од настапите на борците, ни изјавија дека продолжуваат понатаму со уште посилно темпо, а важно е да се напомене дека, Леа Бошевска е дел од Македонската Кик бокс репрезентација за Европското првенство, што ќе се одржи во Скопје. Ова првенство само уште еднаш ја потврди врвната форма и подготвеност на Леа токму пред Европското првенство.

Злато за Леа Бошеска и Сара Стојановска, бронза за Леона Алиловска во кик-бокс на “Трофеј на Белград“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Битола: Јавен повик за доделување финансиска поддршка за дел од трошоците за возачки испит
- Кугланата со нова опрема обезбедена од Општина Битола
- Соопштение од Здружението на пензионери на Битола, Новаци и Могила!
- СВР Битола: опожарени насади со лешници, две пријави за семејно насилство
- Во Битола променливо облачно со повремен дожд, температурата до 18 степени
More from СпортMore posts in Спорт »
- Кугланата со нова опрема обезбедена од Општина Битола
- Одбојкарките на Пелистер Волеј со гостинска победа
- Со сигурна игра Пелистер го победи Куманово во Битола (фотогалерија)
- “Двојката“ со гол на крајот на натпреварот дојде до реми
- Фудбалерите на Пелистер со лесна победа и три бода остануваат во врвот на табелата









