-Во Битола во 2016 година се одржа прослава по повод 20 години од формирањето на Аикидо федерацијата на Македонија – реален аикидо, на која во присуство на бројни
гости од Македонија и странство беа промовирани една книга и ДВД за реален аикидо и една книга и ДВД за џудо од авторот Ѓуро Илиќ, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Центарот за боречки спортови Пелистер од Битола со промоција на книги за боречките спортови го продолжи конти нуитетот во издаваштвото во оваа област. На свеченоста прославија 40 години од издаваштвото во боречките спортови иголем јубилеј на Аикидо федерацијата на Македонија.
Воедно, ова беше одбележување и на 40 години тренерска работа на Илиќ, почнувајќи од џудо клубот Пелистер, па аикидо, реално аикидо и сега и бразилско џиу-џица и традиционална џиу-џуца, а сето тоа е вклопено во Будо центарот Пелистер и на издавачката дејност, поради тоа е направен римејк на видео касетата во ДВД носач “Џудо спорт, самоодбрана, рекреација“, издадена 1989 година по повод 20 години од постоењето на ДЗК Пелистер, а е снимана во Претор.
Во книгата за џудо сесодржани техниките и практиките за полагање на појаси, поткрепена со околу 300 фотографии. Се објаснуваат техниките за полагање од почетнички појас, па до мајсторски 5-ти дан.
По овој повод беа доделнипризнанија и благодарници за развојот и придонесот на овој спорт на поединци и клубови, а посебно признание доби Ѓуро Илиќ.

Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Милица Шперовиќ – Рибарски, добитник на наградата за животно дело на Битола за 2016 година (фотогалерија)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер со реми против Кожув во Гевгелија
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- Граѓани платиле за паркинг кога беше бесплатно, “Паркинзи“ парите ќе ги насочи за хуманитарни цели
- СВР Битола: 53 годишник од Мусинци возел трактор со 2.92 промили алкохол и без возачка, битолаченец “ауди“ со 1.60 промили алкохол во крвта
- Денес е Митровденска задушница, “мртва сабота“, спомен за починатите










