Пелистер Волеј – Фламинго Волеј 3:0
(25:08; 25:19; 25:16)
Екипата на Пелистер Волеј вечерва дојде лесно до втора домашна победа во Битола откако лесно ја победи екипата на Фламинго со максимален резултат од 3:0.
Девојките на Пелистер Волеј одиграа одлично во сите сета, а тренерот Роберт Митковски по завршувањето на натпреварот рече:
-Денес победата е навистина важна, не ги делиме противниците на силни и слаби и секоја победа е вредна три бода. Одигравме многу подобро, ги преполовивме неизнудените грешки од минатите натпревари што јасно е видливо од самиот резултат, а тоа е првиот показател дека екипата се движи во правилна насока. Иако сите очекуваат лесни победи како оваа, тоа не е така едноставно оваа сезона зошто лигата е навистина многу силна. Не затоа што Пелистер не е доволно силен, туку затоа што сепак ни треба малку повеќе време да се вклопиме, а за тоа треба трпение, многу работа.
-Девојките треба уште посилно да веруваат во себе, за што неопходна е поддршката од нашата публика. Слушавме критики и тоа е сосема очекувано, но нема да дозволиме да допри ништо до нашите одбојкарки, зошто тие се нашиот прв избор, атмосферата е фантастична и оваа сезона ние сме фамилија која ќе го чува своето заедништво, ќе ужива во секоја победа, а ќе учи од секој пораз, додава Митковски.
Многу е рано да се зборува за плеј-оф или каде се гледа Пелистер Волеј по завршувањето на сезоната, но сигурно дека ќе подготвуваат и работат да стигнат до плеј оф и да се обидат да се позиционираат на што подобра стартна позиција.
Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo/?fbid=1779822313856587&set=pcb.1779824290523056








