Press "Enter" to skip to content

“Двојката“ со гол на крајот на натпреварот дојде до реми

Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп 26:26 (11:14)

Во натпреварот од 11. коло на Суперлигата во Битола Еурофарм Пелистер 2 се врати од четири гола негатива и извлече реми 26:26 во пелагониското дерби. Гостите поведоа и во последната минута, но не успеаја да ги однесат двата бода. 

Натпреварот започна израмнето, а Еурофарм Пелистер 2 поведе со 4:3, по што Прилеп дојде 5:5, а потоа и до 8:5 во 15. минута. Пелистер дојде 9:10, но Прилеп ја зачува предноста и на одмор замина со 11:14.

Во второто полувреме, во 39. минута Прилеп имаше највисоки четири гола разлика, 15:19, но Еурофарм Пелистер 2 постепено се враќаше. Прилеп водеше со 20:22,  а Пелистер намали на 21:22. Гостите во 52. минута имаше +3 (22:25), но Еурофарм Пелистер 2 уште еднаш се врати во натпреварот и намали на 24:25 во 56. минута, а потоа пропушти напад за израмнување. Пелистер дојде до 25:25, но следуваше ново водство  на 21 секунда до крајот, но Димевски возврати на девет секунди до сирената и го постави конечниот резултат 26:26.

More from ВестиMore posts in Вести »