Со концерт на етно групата “Монистра“ на платото пред Офицерскиот дом во Битола почна 16 издание на „Локум фест – музика и традиција 2022“, кој е дел од програмата на БИТ ФЕСТ.
Фестивалот продолжи со „Плантек“ од Бретања, Франција, чија музика е спој на традиционална и електронска музика.
“Локум фест“ е првата фестивалска манифестација во Македонија која својот зародиш го има во Старата битолска чаршија, како обид да се сврти вниманието кон неа.
Битолската чаршија синоним за занаети, еснафи, мултикултурализам, за кафе со локум како синоним за средба. А таа со години се празни, а објектите ги јаде времето.
Амбиенталната архитектура, сведок на едно време, сè повеќе се стилизира или распаѓа, а со тоа и нашата врска со минатото.
Оттаму и е мотивот и идејата за фестивал кој ќе ги спои во еден концепт музиката, традицијата, креативните индустрии и културното наследство.
Вечерва, на истата локација ќе биде промовиран ладино албумот „Монастир“ на американката Сара Ароесте, посветен на Битола, со музичари од Израел и Македонија. Вечерта завршува со играње и пеење на балканска музика со познатата храватско-шведско-македонска група „Афион“.

“Монистра“ и “Plantec“ го отворија 16. “Локум фест“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Општина Битола: се реконструираат спортски терени во Горно Оризари
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Битолчани заедно во кризните денови
More from КултураMore posts in Култура »
- Давор Неќак, баритонот од Битола ќе дебитира во улогата на Фигаро во ХНК Сплит
- Од роман до кино: „Оркански височини“ и границата меѓу литературата и филмот
- Магична вечер во Битола – Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ ја освоија публиката со музика и поезија (видеа + фотогалерија)
- Од психотерапија до книга: „Живата соба“ претставена пред битолската публика
- Битола го слави франкофонското наследство: “Франкофонска пролет“










