Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Широк Сокак за Илинден во 2012 години (фотогалерија)

-Битола секогаш е најраздвижена за време на летниот период, посебно околу празникот Илинден, кога во Битола се тука сите иселеници, а и раздвиженоста по Широк Сокак, Шеталиштето и Старата битолска чаршија е голема, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство. -Илинденските денови се причина плус иселениците за време на Илинден да бидат во Битола, а секако тука е и иселеничката средба која традиционално се одржува во село Трново, во дворот на црквата “Св. Богородица“, вели Миновски.Но, ако овие два настани го привлекуваат повозрасните битолчани и гостите во Битола, помладите се секогаш повеќе за дружење, за кафе по Широк Сокак, без разлика дали е дење или ноќе.Преку фотогалерија ви ја пренесуваме атмосферата по Широк Сокак од Саатот до Камен мост, пред 10 години, дење, кога кафулината беа преполни со млади.

[ngg src=”galleries” ids=”1118″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]

More from БитолаMore posts in Битола »