Се уште не стивнуваат позитивните реакции упатени кон ракометарите на Еурофарм Пелистер по победата во Битола, над екипата на Мешков Брест и пласманот во “фајнал форот“ на СЕХА лигата, а ракометарите со мислте се кон Веспрем,.
Еурофарм Пелистер утре попладне Еурофарм заминува за Хрватска,а каде во петок ќе го игра полуфиналето во Задар против Веспрем, а младиот Емилијан Ѓорговски, од оваа сезона дел од тимот на средбата со новинарите рече:
-Ги почнав подготовките со Еурофарм Пелистер и продолжив со нив. Напорно трениравме во Маврово, турнирот во Струга го минавме одлично и така продолживме. Добив минутажа против Мешков Брест и одиграв максимално колку што можам. Ја остваривме целта и сега сме пред првиот историски настап на Ф4 во СЕХА лигата во Задар. Се гледа дека во тимот има повеќе хармонија, дружељубивост и борбеност. Веспрем е великан, бранител на СЕХА-титулата. Ќе дадеме максимум и ќе се бориме да го добиеме тој натпревар.
Пелистерци првпат ќе тренираат во двораната „Крешимир Ќосиќ“ в четврток од 18:00 часот.