Претседателот на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола, проф. д-р Зоран Стерјев е избран за нов член на Управниот одбор на “СЕХА Гаспром лигата“ на редовното собрание на натпреварувањето во Задар.
Ова е првпат член на клуб од Битола да биде во структурите на СЕХА лигата.
На собранието Михајло Михајловски е избран за почесен претседател, а на негово место доаѓа Божидар Ѓурковиќ.
Комесар за натпревари останува Марјан Начевски.