Ламар Норман јуниор зад себе, иако млад, има одлични бројки зад себе во двете последни сезони од настапот за Вестерн Мичиген во престижната НЦАА-лига, со реализација 17,3 поени со 2,8 скока и 3,2 асистенции, додека една година претходно имал уште подобар просек со 19,8 поени, 3,2 скока и две асистенции по натпревар.
Од ланскиот тим остана во Битола Андреј Маслинко, а се засилија со Александар Костоски, Амар Хот, Лука Стојановски како и со Американците Бернард и Банди.