Ускана – Пелистер Волеј 3:0
(25:20; 25:20; 25:11)
Пораз на одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола на гостувањето во Кичево, од екипата на Ускана, во еден тензичен натпревар, за што од управата на клубот реагораше, а во реакцијата се вели:
-Игравме надвор од сите можни замисли што можи да ги креира човечкиот ум. Без никаква причина видовме еден страшен вербален напад со бројни навреди и закани кон делегатот и судиската двојка уште пред почетокот на натпреварот, со кој домаќинот сакаше по секоја цена да предизвика пореметување и тенденциозно судење. Сцени кои не се својствени одамна, но ете и тоа го видовме.
-Како клуб изразуваме огромно жалење за ваквиот чин кој иако не беше директно упатен кон нас, сепак се чувствуваме навредени и наместо добредојде, добивме ладен пречек под секое ниво кога се организира еден првенствен дуел, а како тоа влијаеше врз нашите играчи треба да подразмислат оние кои се креатори.
Поените кај Пелистер ги освоија: Ивана Белокозовска 11, Стефани Најдановска 9, Теона Славкова 4, Мила Андоновска 4, Меланија Каралиоска 4 и Билјана Јаковлевска 2.