Утре во Битола во салата “Боро Чурлевски“ ќе се одигра хуманитар карактер, а повод за ваквата одлука на раководството на клубот е денешниот ден на жената 8. март.
-Сакам да ги известам љубителите на кошарката дека утрешниот натпревар по повод 8. Март, празникот на жената ке биде од хуманитарен карактер и сите собрани средства од влезниците ќе бидат донирани. Парите ќе бидат донирани на самохрана мајка, а на која мајка ќе и биде донирана паричната помош, ќе биде одлука на Општинската организација на Црвениот крст од Битола, вели директорот на КК Пелистер, Филип Ивановски.
-Секој од кошаркарите и од раководството на клубот ќе купи влезници, а утре кошаркарите на Широк Сокак ќе ги доделат на припаднички на понежниот пол, како честитка за празникот на жената и секако како награда што на секој нов натревар во Битола имаме се поголем број на жени во публиката, вели Ивановски, кој додава:
-Сезонските влезници секако дека ќе важат, но утре сите да бидеме хумани, да купиме влезници и да помогнеме некому.