Во паркот кај Градскиот часовник во Битола се одбележа значаен јубилеј, дваесет години од постоењето на спортско качувачкиот клуб Вертикал од Битола.
Спортско качувачкиот клуб Вертикал од Битола одлучи, а го организира одлично со забавно-рекреативни содржини, а најинтерсно за големиот број битолчани кои беа таму беше ревијалниот натпревар во качување на гајби.
Прво членовите на Вертикал ги покажаа своите вештини, а потоа им се приклучија и млади и повозрасни битолчани кои се обидоа, и за среќа, се искачија на поголем број на вертикално поставени гајби, за што добија и многу аплаузи.
-Спортското искачување, што многумина не знаат, е олимписки спорт, а нам кои сме во овој клуб ни останува недежта дека во овој, пред се индивудуален спорт, ќе успее да дојде до Олимпијада, порачаа од Вертикал, кои се потрудија со овој настан прво да го претстават овој спорт, а и да популаризираат кај младите.
Инаку, спортско качувачкиот клуб Вертикал е активна и успешна приказна што постои од 2004 година. Станува збор за спортски клуб кој во своето дводецениско постоење остави длабоки траги во спортската култура не само во Битола, туку и низ цела Македонија, особено во полето на качување на карпи.
По повод 20. роденден, беше поставена и изложба на фотографии од активностите на членовите на СКК Вертикал.

По повод 20 години спортско качувачкиот клуб Вертикал Битола заедничка дружба и натпревар во “качување на гајби“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Се уредуваат добро познатите излетнички места на Пелистер и поставуваат нови инфо-табли
- „Женски Земјотрес“ во Битола ја отвора сцената за гласовите што не смеат да исчезнат
- СВР Битола: во училишен двор 11 годишно дете нападнато со остар предмет
- Денес Пелистер во 14,30 ќе “брка “пет од пет“ во плеј-офот
- Одржан УКЛО тривиум 2026, најдобар оратор Марија Стојановска (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Денес Пелистер во 14,30 ќе “брка “пет од пет“ во плеј-офот
- Екипата на ЕСЗ победник на меморијалниот турнир посветен на загинатите бранители (фотогалерија)
- Пелистер го победи МЗТ сред Аеродром, го симна од првото место и закажа полуфинале со нив
- По триумфот над лидерот, на ред е шампионот, Стајиќ: да продолжиме со добри игри и против МЗТ
- Пелистер ја победи Брера и освои три бода важни за опстанок









