Форца Волеј Ема – Пелистер Волеј 0:3
(14:25; 22:25; 22:25)
Екипата на Пелистер Волеј од Битола во рамките на претпоследното 17. коло славеше победа во Скопје над екипата на Форца Волеј Ема и запиша нови три бода, со кои се искачи на третата позиција, која најверојатно ќе биди и конечен пласман за оваа сезона.
Во натпревар во кој освен во првиот сет, повеќе внимание беше дадено на кадетките и пионерките, кои направија доста грешки, односно како да одиграа онолку колку што и беше потребно за победа, што секако не смее да помини без критика.
Поените ги освоија: Анастасија Ристевска 14, Мила Андоновска 8, Лиле Лозановска 7, Стефани Најдановска 7, Марија Димитровска 6, Ивана Белокозовска 5, Христина Трајчевска 2, Антонија Стојковска 1 и Марија Ристеска 1.
Последниот натпревар екипата на Пелистер Волеј во оваа сезона ќе го игра утре.