Членот на шампионот Еурофарм Пелистер од денеска го започнува долгиот процес на рехабилитација и се очекува да се врати на терените за најмалку шест месеци.
Костевски се повреди на последното коло на Лигата на Шампиони на натпреварот со Колстад од Лигата на шампионите во Норвешка на стартот на натпреварот.
За Костевски оваа сезона е завршена предвреме, нема да биде во тимот на Еурофарм Пелистер во битката за одбрана на титулата, нема да биде дел ниту од македонската репрезентација во бараж двомечот против Фарски Острови.
Од клубот и неговите соиграчи, како и од навивачите кон Костевски се голем број на објави за негови брзо опоравување и враќање на терен, во зборовите НЕНАД СО ТЕБЕ СМЕ!