Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 по победата над Прилеп во Битола на делба на 1. место на плеј-аут табелата (фотогалерија)

Еурофарм  Пелистер 2 – Прилеп 31:22 (15:12)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во Битола го совладаа тимот на Прилеп со резултат 31:22 во натпревар од 7. коло на суперлигашкиот плеј-аут и се делба на првото место по комплетирањето на првата половина, заедно со Прилеп, со кој имаат по 18 бода. Со овој пласман “двојката“ го обезбеди опстанокот во Супер лигата.Екипата на Еурофарм Пелистер 2 кој ги предводи Михаил Петровски, против тимот од Прилеп кој го води битолчанецот Божидар Мојсов,  уште од стартот ја имаа иницијативата и водството и во раната фаза на натпреварот поведоа до 4:1, а гостите останаа без Пеце Рајатовски, кој доби црвен картон по ударот во глава на домашниот голман Печирица од пенал. Прилепчани се враќаа и на -1 неколку наврати, но на крајот од првото полувреме резултатот беше 15:12.

На почетокот на второто полувреме Еурофарм Пелистер 2 одржуваше +3 (17:14), но потоа се се одлепи на +6 (20:14) со најава дека  бодовите ќе останат во Битола. До крајот Еурофарм Пелистер 2 не само што ја задржа предноста, туку и ја зголемуваше, до конечни 31:22.Кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасни  беа Митревски со седум и Хаџиќ со шест гола.

[ngg src=”galleries” ids=”1934″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]