Press "Enter" to skip to content

Пеце Илиевски од АК “Мирко Тодоровски“ од Битола во Ф1А-едрилици во воздухопловно спортско моделарство (фотогалерија)

Викендов на спортскиот аеродром “Мало Коњари“ кај Прилеп се одржа првиот лига натпревар од календарот натпревaри за 2024 година. Натпреварот е во категоријата слободнолетечки модели, Ф1А – сениори и јуниори, Ф1Б, Ф1Ц и Ф1Х-јуниори. Настанот во име на Воздухопловната федерација на Македонија го организираше ВСК „Фил Феникс“, од Прилеп. Зедоа учество натпреварувачи во сениорска и јуниорска конкуренција од Охрид, Битола , Скопје и домаќинот Прилеп.Натпреварот се одвиваше во 5 старта, по спортскот правилник на ФАИ.

Во категоријата Ф1А-едрилици, првото место, со максимален број бодови, го освои Небојша Стошиќ од Аеро клуб „Витачево“ од Кавадарци“, второто место му припадна на нашиот сограѓанин, минатогодишниот победник, Пеце Илиевски од АК „Мирко Тодоровски“ од Битола, додека на трето место се пласира ветеранот Димче Велкоски од клубот „Фил Феникс“ од Прилеп.Во категоријата, Ф1А, учествуваат и одделно се бодуваат и јуниори. Така, Првотот место му припадна на Михаил Пожарски, второто на Лука Најдовски, им двата и клубот ФилФеникс од Прилеп, додека третото место го освои Леона Чејкова од АК „Витачево“ од Кавадарци.Во категоријата Ф1Б-модели со погон на гумен мотор, првото место го освои повратникот, член на АК Охрид, Михајло Арсенов, додека второто и третото место ги поделија браќата Цветановски од АК Охрид и тоа, помалиот, Петар Цветановски, второ место, и повозрасниот Александар Цветановски, трето место.Во категоријата Ф1Ц-модели со мотор на гориво, Првото место му припадна на Коста Стојановски од Аеро клуб Скопје, а второто место на Митко Цветановски од Аеро клуб Охрид.За поздравување е и присуството на добар број млади надежи, јуниори кои се наптреваруваа во соодветните категории. Така, во категоријата Ф1Х – јуниори, исто како и лани, првото место му припадна на Дино Најдоски од клубот „Фил Феникс“ од Прилеп, второто место на Леона Чејкова од АК „Витачево“ од Кавадарци, додека третото место на Михаил Пожарски од клубот „Фил Феникс“ од Прилеп.Беа доделен и две дипломи за учество, за најмладите учесници: Сара Цалева од Скопје и Дамјан Масин од Охрид.Исто како и лани, добар почеток на сезоната 2024, натпреварот се одвиваше во одлична атмосфера во добри временски услови, но, сепак при крајот на настанот, последните два старт, се појави појак ветер, поради што моравме да поминеме и до два километри далечина за да ги пронајдиме моделите и ги вратиме назад на стартното место. Наредниот натпревар е закажан за 28 април во организација на АК Охрид.