Press "Enter" to skip to content

Новата златна девојка на АК Олимп од Битола

Атлетичарката Дарија Крстевска од АК Олимп од Битола е златната девојка на Женската трка на 3 километри, која се одржа во Скопје овој викенд.Таа застана на пиедесталот, освојувајќи го првото место во категорија до 18 години, а седмопласирана е во генералниот пласман со одлично време од 11:57.Дарија е новата атлетска ѕвезда на АК Олимп. Со ваков старт на сезоната, најдоброто од неа, допрва доаѓа.