Кошаркакрскио клуб Пелистер од Битола известува дека започна продажбата на влезниците за вториот натпреварот Пелистер – Еуро Никел, кој ќе одигра во рамките на четврфиналето од кошаркарскиот плеј-оф.
-Билетите по цена од 100 денари ќе се продаваат на билетарницата на спортската сала „Боро Чурлевски“ пред почетокот на натпреварот. Бодрете го вашиот омилен клуб и бидете дел од кошаркарскиот спектакл во Битола, порачаа од КК Пелистер.
Натпреварот ќе се одигра утре, среда, 10 април, со почеток во 18:30 часот во спортска сала “Боро Чурлевски“ во Битола.
Да потсетиме првиот натпревар на овие две екипи убедливо го добија и сега имаат предност од 1:0, а за пласман во полуфиналето им требаат три победи од пет натпревари.










