Еурофарм Пелистер – Бутел 30:22 (14:9)
Вечерва во Битола во спортската сала “Боро Чурлевски“ екипата на Еурофарм Пелистер после поразот во дербито, рутински дојде до победата над екипата на Бутел со резултат 30:22, полувреме 14:9. Со оваа победа “пелистерци“ остануваат на лидерската позиција во плеј-офот од Суперлигата.
Само на отворањето на натпреварот гостите од Скопје беа рамноправен противник, односно се до седмата минута израмни на 3:3. Потоа следуваше серија на “пелистерци“ и со четири врзани гола се одлепија на 7:3. Шампионот долго време ја чуваше предноста од четири гола, а во самата завршница од полувремето со голот на Пешевски за првпат поведе со +5 (14:9), резултат со кој се замина на одмор.
По тоа како се одвиваше првото полувреме второто беше само формалност, но Еурофарм Пелистер започна одлично и за брзо време направи +8 (18:10). По ваквата резултатска разлика и разликата во квалитет тренерот на битолчани, Ангеловски шанса им даде и на ракометарите од клупата. Шампионот на крај славеше со убедливи осум гола позитива, 30:22.
Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Кузмановски со 5 гола, а Пешевски имаше 4.
[ngg src=”galleries” ids=”1942″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]










