Press "Enter" to skip to content

Нова победа на домашен терен во Битола на сениорската женска екипа на Топ гол

Во рамките на 20. коло од Прва фудбалска лига за жени, во натпреварот кој се одигра на Фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола, Топ гол ја совлада екипата на СЦ Истатов со конечен резултат од 5:2.

Стрелци на головите за битолчанки беа Милевска и Илиевска со по два погодоци и (АГ) на Бошковска.

-Упатувам честитки за новата победа кон фудбалерките и стручниот штаб. Оваа е важна победа и новите три бода на нашето бодовно салдо не искачуваат погоре на табелата за бегството од опасната зона. Доста возбудлив и ефикасен натпревар особено во првото полувреме во кое заводивме уште во 2 мин но гостите изедначуваа на два пати, а на полувреме отидовме со предност од еден гол. Во второто полувреме ја имавме контролата на играта и успеавме да ставиме уште два гола и мирно да го дочека крајот на натпреварот, изјави шефот на стручниот штаб Кире Грбевски.

Следен натпревар на Топ гол е закажан за среда, каде како домаќини ја пречекуваат екипата на Речица во 1/4 финале од Купот на Македонија за жени.