Пелистер – Охрид 1:0 (0:0)
Фудбалерите на Пелистер во Битола на стадинот “Петар Милошевски“ попладнево во рамките на 25. коло ја победија екипата на Охрид минимално, со резултат 1:0, полувреме 0:0 и направија нов победнички чекор кон пласманот во Првата фудбалска лига, што е и нивна цел.
Голот за победа за Пелистер и три нови бода го постигна капитенот Благоја Љамчевски во 66 минута од пенал.
Со оваа победа и новите бодови екипата на Пелистер остануваат на второто место на табелата. Сите три екипи кои се на врвот на табелата Беса, Пелистер и Детонит победија и нема промена на табелата на врвот. Беда е прва, Пелистер втор со осум бода пред Детонит.
[ngg src=”galleries” ids=”1950″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”alttext”]










