Вечерва екипи на компанијата која го изведуваше осветлувањето на фудбалскиот стадион под Тумбекафе “Петар Милошевски“ во Битола ги запалија рефлекторите и со тоа стадионот доби нова вредност.
Според зборовите на изедувачот компанијата “Инсталација“ од Кичево, Дрилон Исаини, Битола ќе го има еден од најдобро осветлените фудбалски терени во државата.
-Поставени се повеќе од 250 големи светилки кои ќе го осветлуваат теренот во Битола. Стадионот ќе има одлично осветлување, а престоу уште калибрирањето на светилките, за секој дел од стадионот да има идентично и беспрекорно осветлување.
[ngg src=”galleries” ids=”1979″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]










